Полициски Голф Р „крева“ стотка за 3,6 секунди и не застанува до максималните 290 км/ч (ВИДЕО)

266
Golf_policija_Germanija

Компанијата „Етингер“ во Германија го претстави моќниот „Голф Р“ – модифицирано полициско патролно возило. За успешно да им парираат и да ги следат возачите на супербрзите автопати, на германските патролни полицајци им требаат и соодветни патролни автомобили.

Имајќи го тоа предвид, „Етингер“ ја доработи најмоќната „Р” верзија на „Голф“, така што вгради помоќен мотор, ги унапреди перформансите на возилото и додаде полициски комуникациски уреди и дополнителни звучни и светлечка сигнализација.

Надворешноста е исто така, во нијанси карактеристична за патролните полициски автомобили, а под хаубата се наоѓа оригинален четирицилиндерски дволитарски турбо-бензинац засилен за 90 коњски сили, па сега има вкупно 400.

Golf_policija_Germanija

Благодарение на дополнителната моќност, полицискиот „Голф Р“ од место забрзува до 100 километри на час за само 3,6 секунди. А пак, максималната брзина изнесува 290 километри на час.

Модификациите што ги направи „Етингер“ опфаќаат и аеродинамички пакет со преден сплитер, покривен спојлер и странични додатоци, како и нов издувен систем со четири излезни цевки широки 9 сантиметри.

Вградени се и нови алуминиумски фелни со пречник од речиси 50 сантиметри и нископрофилни пневматици на „Хенкук“.

Засега не се знае со сигурност дали овој автомобил ќе се најде во возниот парк на германската полиција.