ПОЛСКА И АВСТРИЈА ПОД ВОДА: Заменик-градоначалник загина во невреме

415

Заменик градоначалникот на Воломина, Роберт Маковски загина , а 10 луѓе се повредени во големо невреме синоќа ги зафати централните делови на Полска.

Маковски загинал кога за време на бурата врз него паднала гранка од едно дрво. Во невремето се оштетени 300 објекти, а пожарникари интервенирале повеќе од 4.300 пати. Од утринава 74.000 семејства се без електрична енергија.

Големо невреме синоќа ја зафати и австриската покраина Штаерска, при што се повредени повеќе лица.

Од силниот ветер биле искршени гранки од дрвјата, кои ги блокирале патиштата, предизвикувајќи штета на покривите од повеќе куќи во јужниот дел на покраината.

Во местото Гнас едно дрво паднало врз автомобил со четворица патници. Според полицијата, три лица се повредени и пренесени в болница. Од невремето се зафатени и другите делови на Европа.

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ХАРА НА БАЛКАНОТ: Опасни временски услови во Белград, во Хрватска утринава измерени 14 степени

За време на ноќта, голема промена на времето пристигна и во Хрватска која беше зафатена од дожд и значителен пад на температурите. На Истра, освен дожд имаше и силен ветер со брзина и до 82km/h.

Во Ровињ силниот дожд поплави неколку подруми. На Кварнер е на сила црвено предупредување поради ветрот кој би можел да достигне 120 km/h. Невремето во Србија пристигна рано изутрина и ги претвори белградските улици во реки. Дождот и ветрот за 20 минути предизвикаа огромна материјална штета.