Полски градоначалник се бори за живот, бил нападнат со нож

183

Градоначалникот на полскиот град Гдањск Павел Адамович бил нападнат со нож за време на добротворен концерт и се наоѓа во тешка здравствена состојба. Напаѓачот веднаш бил уапсен. Според локалната полиција, станува збор за 27 годишен Полјак кој живеел во Гдањск. Се наведува дека тој бил криминалец кој претходно пет години бил во затвор. 53 годишниот Адамович е градоначалник на Гдањск од 1998 годинакако член на опозициската „Граѓанска платформа“ на сегашниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск.