Полугола активистка на „Фемен“ му се втурна на Земан кога требаше да гласа (ВИДЕО)

38
Incident_aktiviska_zeman

Без облека на горниот дел од телото и натпис „Земан – к..ва на Путин“, активистка на организацијата за права на жените „Фемен“ му се втурна на чешкиот престедател Милош Земан во моментот кога требаше да гласа на претседателските избори. Телохранителите на 73-годишниот Милош Земан веднаш ја совладаа младата жена.

Заман се врати по неколку минути за да го даде својот глас и рече дека се чувствува „почестен“ што исто како папата бил мета на активистка на „Фемен“.

Тој е фаворит на изборите кои започнаа вчера, а завршуваат денеска, а инаку важи за проруски настроен.

Организацијата „Фемен“ за време на кризата околу Крим протестираше против руската анексија на полуостровот.