ПОПЛАВИ ВО КИНА: Евакуирани илјадници луѓе

122

Обилните врнежи и бури предизвикаа хаос во Кина, а илјадници луѓе се приморани да се евакуираат, јавија кинеските државни медиуми.

Многу мостови се уништени, патниот и железничкиот сообраќај се блокирани, а најзагрозена е југозападната провинција Сечуан.

Метеоролозите најавија нови врнежи, а нивото на реката Јангце порасна многу и предизвика поплави во многу области.