Порно глумицата Даниелс е разведува поради Трамп

267

Порно глумецот Глендон Крејн побарала развод од својата далеку попозната колешка и сопруга Сторми Даниелс, која последниве месеци е актуелна со наводната афера со американскиот претседател Доналд Трамп која се случила минатата деценија.

Наводите ги потврди и нејзиниот адвокат Мајкл Авенати. Уште повеќе, Крејн издејствувал судска забрана за порно актерката да му се доближува и нему и на нивната ќерка, оти не сакал девојчето да биде вмешано во намерата Даниелс „да ја направи Америка повторно ‘напалена’,“ односно во нејзината кампања против Трамп.

– Мојата ќерка не го заслужува ова. А, ни Крејн. Но, не го правам ова заради слава, немам потреба, јас не бев пензионирана, вели глумицата.

Крејн и Даниелс се во брак девет години и имаат едно дете. Тоа било трет брак за Даниелс.