ПОРТА МАКЕДОНИЈА: Промоција на книгата „Поштенска историја на територијата од Република Македонија“

35

Промоција на книгата „Поштенска историја на територијата на Република Македонија од 1843 до 2010 (поштенски жигови)“ од д-р Бранислав Светозаревиќ ќе се одржи денеска (4 декември) со почеток во 12:00 часот, во Порта Македонија. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Виолета Ачкоска.

Д-р Бранислав Светозаревиќ (1966г.) е истакнат автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата, како и автор на повеќе од 23 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.