ПОСВЕТЕНИ КРАДЦИ: Два месеци копале тунел под банка, „собрале“ 250.000 долари

18
Mumbai_banka

Околу 250.000 долари и злато украле непознати лица од банка во Мумбај. Кражбата ја извршиле преку тунел ископан под банката. Тие тунелот го копале два месеци, а ископаната земја ја ставале во близина на продавница што ја изнајмиле шест месеци порано.

Индиски „Тајмс“ објави дека ограбувачите преку тунелот влегле во собата со сефови од каде биле земени парите и златото.

Како што соопшти полицијата, ограбувачите ископале тунел долг 12 метри и еден метар широк.  Грабежот за кој се претпоставува дека е изведен во текот на викендот е пријавен од вработените во банката кога во понеделникот дошле на работа.

Bank_Mumbai

Полициски извори наведуваат дека крадците пред шест месеци ја изнајмиле продавницата во близина на банката за да го извршат грабежот.