Почина Златко Боурек, човекот кој го создаде Балтазар

266

На 89-годишна возраст од животот почина хрватскиот академик Златко Боурек, основачот на црртаниот филм „Професорот Балтазар“.

Тој беше сликар, вајар, костимограф, сценограф, режисер, автор на цртани и играни филмови, член на Хрватската академија на наука и уметност.

Боурек уште додека студирал заедно со колегите ја основал познатата Загребска школа на цртаниот филм.