Почина маж пред Пошта 2 кај железничка во Скопје (ФОТО)

179

Возрасен маж пред половина час почина пред железничката станица во Скопје. Минувачи се обиделе да му помогнат и повикале Итна помош. Иако помошта стигнала веднаш, човекот веќе бил починат.

Од Брзата помош велат дека најверојатно се работи за масивен инфаркт.

Во моментов полицијата врши увид на лице место.