Почина режисерот Љубиша Георгиевски

90
На 81-годишна возраст, вечера почина режисерот и драмски писател Љубиша Гоергиевски, објави на „Фејсбук“ поранешниот директор на Драмски театар, Роберт Вељановски.
„Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!! Утринава почина мојот театарски татко!!! Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!“, напиша тој на „Фејсбук“.
Љубиша Георгиевски беше роден во Битола. Тој беше театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како политичар, беше претседателски кандидат во 1994, амбасадор во Бугарија (2000-2004) и претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008)
Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе одржи Комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешен претседател на Парламентот.
Георгиевски ја извршуваше функцијата претседател на Парламентот во периодот од  1 август 2006 година до 21 јуни 2008 година.