ПО УЛИЦИТЕ ШЕТААТ КРОКОДИЛИ И ЗМИИ: Страотни поплави ја погодија Австралија (ВИДЕО)

461

Делови од Австралија, по рекордно високите температури, се погодени од катастрофални поплави поради кои повеќе од 20.000 луѓе се принудени на евакуација.
Поради порастот на реките на улиците се видени крокодили и змии, а метеоролозите најавуваат дождови и во наредните денови.
Градот Таунсвил во Квинселнд е целосно поплавен, а жителите се без струја.

Ситуацијата станала особено драматична во саботата.
„Ова се случува еднаш во сто години“, изјави премиерката на Квинсленд Анастејжа Палашчук. Денес се очекуваат нови обилни врнежи.

За ситуацијата да биде полоша, граѓаните јавуваат дека на улиците се видени крокодили и змии. „Еден беше долго повеќе од два метри“, напиша жителка на Таунсвил која фотографирала крокодил во дворот на својата куќа.