ПО 16 ГОДИНИ: Пешески го напушта „Металург“

534

Пикерот на „Металург“ , Жарко Пешевски по 16 години минати во Автокоманда го напушта клубот и заминува за Украина, каде ќе настапува за „Мотор Запорожје“.

Тој му посака се најдобро на клубот во иднина и изрази надеж дека еден ден ќе се врати во редовите на „металурзите“,

– Не сакам разделби и збогувања, па затоа велам дека ова со „Металург“ е само довидување до следно видување. „Металург“ е сместен во посебно место од моето срце и јас му посакувам се најдобро. Сега правам нов исчекор во мојата професионална кариера и се надевам дека повторно ќе имам одлична сезона, каква што ми беше и оваа, веи Пешевски, цитиран од „Металург“