Православните верници ја слават Стара нова година- Василица

69

Православните христијани денеска ја слават Василица ,што важи за прв ден во новата година според јулијанскиот календар.
Во храмовите на Македонската православна црква се одржуваат свети литургии.

Некои семејства слават слава а некои имендени. Дел од граѓаните пак токму денеска го кршат лепчето со паричка. Се верува дека на оној на кој ќе му падне паричката ќе го следи здравје, среќа и бериќет во текот на целата година.
На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.