Прегазена жена во Ѓорче, со тешки повреди пренесена во болница

168
Policija

Скопјанката М.С.(44) синоќа на улица „Мајски манифест“, управувајќи патничко моторно возило „Дачиа Логан“, со скопски регистарски ознаки, удрила во 43-годишната Т.Ш.

МВР информира дека Т.Ш. со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде и се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на коксигејална коска) и надвор од животна опасност е задржана на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.