Предизвикот на „Магда“: Триесет дена – 30 парчиња облека

996

Модната дизајнерка и блогерка Магдалена Таневска најави интересен предизвик за месец ноември. Имено, таа одлучи секој ден од месецот да дизајнира по едно парче облека за секој ден од месецот.

На нејзиниот блог таа објави оти овој за неа важи за депресивен месец, па на овој начин одлучила да го размрда.

„Ноември е месец кој некако го доживувам депресивно, па сакам да направам нешто интересно и предизвикувачки. Ова дефинитивно ќе биде предизвик, но невообичаен. Се одлучив да направам триесет парчиња облека за триесет дена т.е. едно парче облека за еден ден во наредните триесет дена и секој ден ќе го постирам направеното парче облека на мојот инстаграм профил ,“ напиша Таневска.

Ни преостанува да ги очекуваме нејзините креации секој ден, па да одлучиме на кој датум ќе го  дизјанира најубавиот моден изглед.