Премиерата на „Дедпул 2“ вечер во Скопје, ФХ3Х дел од ефектите!

298

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „Дедпул 2“, чија премиера ќе се одржи вечер во Скопје.

Филмот е во режија на Дејвид Лич, а сценарио е на Рет Рис и Пол Верник, кој е автор и на првиот дел од 2016 година. Во улогата на омилениот Марвелов антихерој, мрчаторот без влакна на јазикот, Рајан Рејнолдс се враќа со интересна екипа меѓу кои Џош Бролин, Морена Бакарин и Џулијан Денисон со кои Дедпул ја креира Х-Форс екипата за да спаси млад мутант од негативецот Кејбл.

Кристијан Даниловски, ко-основач на ФХ3Х, изјави дека на проектот работеле од декември, минатата година до април годинава, а биле ангажирани над 70 артисти.

– Специфичниот анти-херој хумор на Дедпул е она што е атрактивно за фановите, и сигурен сум дека нема да бидеме разочарани, изјави Даниловски.

Премиерата е вечер во Синеплекс во 20:20 часот.