Пресуда за „Рекет”: Јовановски во судница, Јанева во домашен притвор

61

На објавата на пресудата за случајот „Рекет“ денеска во големата сала на Врховниот суд во Скопје присуствува само првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, додека второобвинетата Катица Јанева не дојде во судот и одлуката ќе ја слушне во домашен притвор.

Во судница е присутна сопругата на Јордан Камчев, еден од сведоците во предметот, Ана Камчева. Брачниот пар Камчеви сведочеа како оштетени во случајот.

Пресудата за предметот ќе биде објавена по шест месеци судење.