ПРЕТСЕДАТЕЛСКА СРЕДБА: Трамп и Мун Џае-Ин за 12 дена ќе се ракуваат во Вашингтон

372

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-Ин на 11 април во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за Северна Кореја и други прашања што се однесуваат на нивниот воен договор, соопшти денеска Белата куќа.

Високи јужнокорејски функционери, вклучувајќи го и претседателот Мун, на овој начин ќе почнат серија состаноци со своите колеги од САД во обид повторно да го актуелизираат прекинот во преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја.

– Сојузот меѓу САД и Јужна Кореја останува клучен за мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и во регионот, стои во соопштението на Белата куќа.

Неуспехот на Трамп да склучи договор на вториот состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Ханој во февруари, беше удар за Мун, кој изрази уверување дека Ким е подготвен да се откаже од својот нуклеарен арсенал, коментираат светските агенции.

Вашингтон и Сеул исто така имаа несогласувања околу трошоците на американските трупи во Јужна Кореја, со оглед на тоа што Трамп бараше Сеул да вложи повеќе пари за одржување на 28.500 американски војници.