Принцот Хари и Меган сакаат Обама да им дојде на свадба

170
Princot_Hari_veren

Британскиот принц Хари и неговата свршеница Меган Маркл го поканија поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел да присуствуваат на нивната венчавка на 19 мај.

Извор близок до кралското семејство, изјави за весникот „Дејли стар“ дека Хари и Меган „сакаат да го направат тоа на свој начин” и покрај препораките на советниците да се воздржат од покани.

Се стравува дека таквиот потег ќе го разгневи актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кој не е поканет, и дека ќе ги разниша дипломатските односи со САД.

Хари и Меган, сепак, одлучија да дејствуваат самостојно, испраќајќи му покана на Обама.