ПРОВОКАТИВНИ ГРАДНИЦИ И ГАЌИЧКИ: Ангелите на „Викторија сикрет“ ја покажаа новата колекција

177

Згодните ангели на „Викторија Сикрет“ се враќаат во полн сјај. Новата колекција женска долна облека има за цел да ја заскокотка машката фантазија и да им понуди нешто ново на жените кои сакаат да изгледаат сензуално и заводливо во спалната соба.

 

Ѕвезди на кампањата под наслов „Секси Илузии“ се Тејлор Хил, Џасмин Туки, Елса Хоск, Лаис Рибеиро и Роми Страјд.

Тие изгледаат неодоливо во новите гаќички, градници, провокативни боди, комбинезони, во нежни нијанси на шампањско, лаванда, слонова коска или пак мистичната црна боја.

 

Иако за многу жени е незамисливо да имаат вакви совршени тела, овие парчиња долна облекла секако ја зголемуваат самодовербата.