Продолжува судењето за „Монструм“

641

Во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за случајот „Монструм”.

На последното рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, во април 2012 година, сведочеше поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој пред судот рече дека неколкупати се сретнал со роднини на убиените момчиња, кои сакале да добијат повеќе информации од „бомбите“.

На една од средбите, некои од родителите изразиле сомневање дека правосудниот систем крие од нив информации и докази. Тој им ги презентирал аудиоматеријали што ги побарале, без да им даде копија. Свое сведочење по однос на „бомбите” имаше и свиркачот Звонко Костовски.

Обвинението за овој предмет го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, додека судењето го водат судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани.