„Проектилот“ на Борозан втор најатрактивен гол на Ф4 (ВИДЕО)

106

Екипата на „Вардар“ не ја одбрани титулата во ракометната Лига на шампиони, откако  го загуби полуфиналниот меч од „Монпелје“, а потоа немаше сили ни во мечот за третото место, кој на крај го доби тимот на ПСЖ.

Избраниците на Раул Гонзалез одиграа сосема солиден турнир во Келн, но може да се каже дека овој пат среќата не беше на нивна страна. Како утешна награда за сега веќе поранешниот шампион е тоа што има свој претставник во најатрактивните голови на овој турнир.

На мечот со ПСЖ, црногорскиот бомбардер Вуко Борозан при резултат од 5-3 од место речиси ја скина мрежичката на францускиот гол, а токму овој погодок е втор најатрактивен во оваа завршница. На првото место се најде Симонет од Монпелје со својот гол во финалето со Нант.

Најатрактивните голови во завршницата во Келн можете да ги погледнете ОВДЕ.