ПРОЦЕСИТЕ ОСТАНУВААТ ВО ГРАДОТ: Хашкиот трибунал се затвора на 31 декември

132

Механизмот за кривични судови со седиште во Хаг ќе биде институцијата што ќе ја продолжи работата на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, попознат како Хашки трибунал, по неговото затворање на 31 декември 2017 година. Оаа институција ќе ја преземе  целосната документација од Трибуналот и ќе ги заврши недовршените процеси.

Механизмот, што го формира Советот за безбедност на Обединетите нации, има мандат да ги преземе функциите на Меѓународниот кривичен суд за Руанда и на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.

Работата на механизмот во врска со злосторствата извршени на територијата на поранешна Југославија не е ограничена и ќе биде продолжувана со одлуки на Советот за безбедност на ОН, сè додека постои потреба за тоа и додека не завршат судските процеси започнати пред Хашкиот суд. Ова тело има задача да ги заврши жалбените постапки, процесите за преиспитување на пресудите, постапките за непочитување на Судот и повторените судења, а веќе ги презеде жалбените постапки во случаите против Воислав Шешељ и Радован Караџиќ, како и повторените судења на Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ.

Во надележност на Механизмот ќе биде и да ги надгледува предметите кои се препуштени на националните правосудни системи и да го контролира извршувањето на казните изречени на лица осудени од Хашкиот суд. Во исто време ова тело ќе има и задача да се грижи за заштита на жртвите и сведоците и да им пружа помош на националните правосудни системи.

Механизмот е замислен како мала, привремена и ефикасна институција чии функции и големина ќе се намалуваат со текот на времето.

Моментно оваа институција има три органи – Судски совет од 25 судии, Обвинителство и Сектретаријат, кој има задача да му пружа административна поддршка на Механизмот. Секој од трите органи е раководен од постојано вработени – претседател, обвинител и секретар.
Поголемиот дел од судските записи на Трибуналот за поранешна Југославија ќе бидат префрлени во надлежност на Механизмот.

Со Резолуцијата 1966 на Советот за безбедност на ОН од 2010 година се предвидува Механизмот да почне да функционира од 1 јули 2012 година со мандат од четири години. Доколку Советот за безбедност не реши поинаку по 1 јули 2016 година мандатот на механизмот се продолжува на секои две години, врз основа на претходни оценки за постигнатиот напредок во работењето.