ПСЖ не се откажува од Нејмар

75

Сопственикот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Хелафи е загрижен поради желбата на Неамар да го напушти клубот.

Спортскиот директор Антеиро Енрике се очекува да замине во Бразил, каде што најскапиот напаѓач во светот закрепнува од операцијата. Таму ќе разговара со Нејмар и ќе се обиде да го убеди да остане во ПСЖ.

Главниот аргумент е дека тимот ќе биде изграден околу него, и кога ќе бидат донесени нови играчи, неговите ставови ќе бидат земени во предвид.

Покрај тоа, клубот ќе потпише со оние играчи кои ќе ги предложи напаѓачот на бразилската репрезентација.