Путин во Белград (ВО ЖИВО)

95

Под засилени безбедности мери и со голем број на припадници на безбедносните служби , рускито претседател Владимир Путин пристигна во Србија. Средбата, која српските медиуми ја нарекоа историска, започна на аеродромот Никола Тесла, каде што Путин беше пречекан со почесната воена гарда. Двајцата Претседатели потоа заминаа на Гробиштата на ослободителите на Белград и на Споменикот на црвеноармејците каде што положија цвеќе а потоа се упатија кон палатата Србија каде што беше организиран свечен пречек. Српскиот претседател Александар Вучиќ му се заблагодари на својот руски колега за сиот труд кој го вложил за продлабочување на соработката но и за почитувањето на територијален интегритет на државата.

„Ако се сеќавате, пред шест години кога прв пат се сретнавме во Сочи, разговаравме за тоа како Србија да го врати долгот. Денеска веќе немаме проблем со тоа. Србија сите свои обврски ги извршува на време. Руската Федерација може да смета на Србија како на вистински сојузник.“ – изјави Вучиќ.

Владимир Путин пак му се заблагодари на Вучиќ но и на српскиот народ за гостопримството. Му порача дека односите меѓу двете земји напредуваат во сите области.

„Многу ми е мило што имам можност да ја посетам братската и пријателска држава Србија и да разговараме за она што можеме и што треба да го направиме во иднина.“ – изјави Путин.

Покрај Путин, во Белград е и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, како и првиот човек на агенцијата за вселенски истражувања, Димитриј Рогозин. Дел од Руската делегација се и повеќе министри, генералниот директор на „Руски железници“ како и ректори на три поголеми универзитети. Се очекува за време на средбата да бидат потпишани неколку договори вредни повеќе стотици милион евра, на полето на инфраструктурата, железниците, земјоделието но и од сферата на воено – техничката соработка. За безбедноста на Путин се грижат 5.000 српски полицајци како и припадници на тајните служни, а во неговата непосредна близина постојано ќе бидат разпоредени 50 припадници на руската Федерална служба за безбедност. Рускиот претседател на својот пат од Москва до Србија го следеа два борбени авиони, а во српскиот воздушен простор за безбедноста се грижеа Српски авиони кои го следеа до белградскиот аеродром. Жителите на Белград денеска ќе бидат под „посебен режим“ а на граѓаните им е препорачано да го користат јавниот превоз, или одат пеш до своите работни места. Исто така, Српските власти веќе наредија на улиците каде што ќе се движи Путин, станарите да не ги отвораат прозорите од своите домови и да не излегуваат на терасите.