ПУТИН ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Го загубил братот за време на опсадата на Ленинград, дури сега е лоциран неговиот гроб

875

„Трагачите го пронајдоа брат ми, за кој се испостави дека е бил закопан на Пискарјовскоје (денес меморијални гробишта, а за време на опсадата на Ленинград масовна гробница). Дури ниту моите родители не го знаеја тоа“, рече Путин.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, раскажа дека доброволци од одредот за потраги му помогнале да ја пронајде локацијата на која е закопан неговиот брат, кој загинал за време на опсадата на Ленинград.

– Трагачите го пронајдоа брат ми, за кои се испостави дека е бил закопан на Пискарјовскоје (денес меморијални гробишта, а за време на опсадата на Ленинград масовна гробница). Дури ниту моите родители не го знаеја тоа. Само им испратиле обаветување дека загинал за време на опсадата и тоа сѐ. Трагачите го пронајдоа. Дури и конкретната локација на гробиштата – рече Путин на состанокот со членовите на Советот за човекови права.

За време на состанокот, рускиот лидер доби прашање за тоа дали се бараат гробниците на жртвите од политичката репресија. Путин одговори дека ќе му наложи на Долниот дом (Дума) да размисли за подобрување на законодавството во врска со местата на масовните гробници.

Освен тоа, шефот на руската држава ќе побара од градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин да му помогне на Храмот на светите новомаченици и исповедници на Русија во реизградбата на заградата на пораниешниот архив на Федералната служба за безбедност (ФСБ), во која е планирано да се отвори музеј за жртвите кои загинале за православната вера.