Работел за Аркан, се дружел со подземјето, ова е вистината за Милојко

595

Откако Милијана Богдановиќ и нејзиното 53 години постаро “момче“ Милојко Божиќ го напуштиле селото Пилатовиќи за да влезат во реалното шоу „Парови“, нивните соседи и роднини откриваат неверојатни работи за нив.

Стариот Милојко воошто не е толку наивен колку што сака да се прикаже, зашто со години се дружел со најопасните момци од српското подземје, а има и уште една работа што не ја спомнал досега, а тоа е дека му бил миленик на Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Божиќ се здружи со опасните момци на Белград кога го напушти селото и замина да заработува. Се вработи во познатата коцкарница во хотелот „Југославија“ на Нов Белград, која тогаш ја држеше Жељко Ражнатовиќ Аркан. Милојко ја стекна довербата на Жељко, па едно време беше главен во коцкарницата. Кај Ражнатовиќ работеше 15 години и за тоа време се спријатели со многу криминалци. Со Кристијан беше многу близок и секогаш кога ќе го види на телевизија, се сеќава на случки од минатото. Нема што не се нагледал и на крајот на работниот век сфати дека дека е најдобро да се врати во село, открива сосед на Милојко, кој сакал да остане анонимен.

Тој додал дека Милојко добро заработувал додека работел за Аркан.

Со тие пари го купи станот во Белград и ги обезбеди децата. Кога се разведе од сопругата, им го остави тој стан и секогаш им помага финансиски. Едната ќерка е во странство, но секогаш кога ќе дојде во Србија, доаѓа да го посети татка си и неговата девојка, кој живее во сркомна куќарка.

Соселаните велат дека се навикнале на Милијана и Милојко и едвај чекаат да го видат во селото малиот Милојко ако го направат.