РАДИШАНИ: Мотоциклист прегази деветгодишно дете пред училиште

92

Денес во раните утрински часови мотоциклист прегази деветгодишен ученик пред основното училиште „Ацо Шопов“ во скопската населбата Радишани.
Детето за време на големиот одмор ја минувало улицата „Радишанска“ на пешачки премин, при што било прегазен од моторџија. Повреденото дете е пренесено во болницата „Св. Наум Охридски“ со повреди на ногата, но се наоѓа надвор од животна опасност.

Едно лице загина, а три се потешко во четири од вкупно 24 сообраќајни несреќи што викендов се случиле на подрачјето на Град Скопје.

Полицијата викендот во Скопје санкционирала 19 возачи кои управувале под дејство на алкохол, 55 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет почетници.

Од сообраќај биле исклучени 242 возачи поради поголема брзина од дозволената и 39 нерегистрирани возила. За непрописно паркирање во градот се издадени 151 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 97 возила.