Радосни парижани, ја славеа победата на „Шанзелизе“ (ВИДЕО)

195

Франција е првиот финалист на Мундијалот во Русија, а победата во полуфиналето над Белгија беше причина илјадници навивачи на „триколорите“ да излезат и да прослават на најпозната улица во Париз.

На „Шанзелизе“ се пееше, имаше огномети, се славеше до доцната во ноќта.

Франција се пласираше во финалето на Светското првенство за првпат од 2006 година.

Противник во дуелот за трофејот в недела ќе им биде поуспешниот од вечерашното полуфинале меѓу Хрватска и Англија.