РАЗОЧАРУВАЊЕ: Ѓоковиќ елиминиран од 109. тенисер на АТП листата

66
Novak_Gokovic

Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиѓ имаше неуспешно враќање по повредата на лактот, откако синоќа на турнирот во Индијан Велс загуби од 109-то рангираниот на АТП листата Таро Даниел (Јапонија) со 2-1.

Јапонецот го доби првиот сет на тај-брејк со 7:6, Ѓоковиќ изедначи по подобра игра во вториот сет (6:4), а во решавачкиот трет сет беше 6:1 за Даниел.

Србинот по поразот изјави дека се чувствувал како првпат да е на турнир.

– Како првпат да играм на АТП турнир. Многу чудно. Се вратив по повредата, но не се чувствувам добро. Можеби избрзав со враќањето на натпреварите. Ми недостасуваат мечеви, но морам да се консултирам со мојот тим и да направиме добра стратегија, истакна Ѓоковиќ.

Тој во изминатите осум-девет месеци одигра само еден турнир па така поразот од Даниел на престижниот турнир во САД и не претставува многу големо изненадување.