Разрешена Катица Јанева

175

Без дискусија, едногласно, е усвоен предлогот Катица Јанева да биде разрешена поради несовесно и нестручно раководење со СЈО. Oва го истакна Илија Димовски по седницата на Комисијата за избори и именување и додаде дека предлогот ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој треба да го стави на дневен ред.
За тоа нема конкретно определен рок, но Димовски истакна дека очекуваат Џафери да постапи разумно.
Претходно, пак, членовите на владејачкото мнозинство побараа изземање на пратеникот Илија Димовски, кој претседава со Комисијата.
Димовски е обвинет во случајот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство, па членовите на мнозинството сметаат дека постои конфликт на интереси во однос на одлучувањето за Јанева.
Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов, рече дека функцијата на Димовски е спротивна на Законот за спречување на корупцијата бидејќи е инволвиран во предмет на СЈО.