Расте бројот на загинати во снежното невреме во Австрија (ВИДЕО)

54

Најмалку седуммина се загинати , а уште неколкумина се сметаат за исчезнати во снежното невреме што ги зафати Алпите.
Скијачите во Австрија , Германија и Италија се соочени со голема опасност од лавини по силните врнежи од снег. Две лавини во неделата усмртија двајца скијачи во Австрија во планините Ворарлберг , додека третиот настрада во близина на Салцбург.

Во Германија загина скијач , врз кого падна дрво во близина на местото Бад Толц, а на планината Тисенберг во лавина загина млада девојка.

Двајца планинари загина во Алпите во Италија , северно од Торино.Спасувачите и натаму се во потрага по неколкумина исчезнати. Највисок степен на опасност е прогласен во австрискиот и германскиот дел на Алпите.
Поради силен снег затворени се скијачките школи во Баварија , а голем број патеки се затворени поради опасност од лавини.

Во Австрија се најавени нови 120 сантиметри снег. Властите се обидуваат преку контролирани експлозии да предизвикаат лавини , за да се избегне опасноста од нивно ненадејно уривање.