РАСФРЛАНИТЕ ТЕЛА НА МАЧЕНИЦИТЕ ГИ ЗАКОПУВАЛ: Св. свештеномаченик Теодот Анкирски бил аристократ со големо срце

245

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јуни. Православните христијани го празнуваат Св. свештеномаченик Теодот Анкирски.

Теодот живееше во времето на императорот Диоклецијан. Беше женет човек и во градот Анкира држеше една гостилница. Во Христа веруваше тајно, но не пасивно: им помагаше христијаните по околните пусти места и ги погребуваше расфрлените тела на мачениците. Кога во градот беа погубени седум девојки христијанки, Теодот тргна да ги бара нивните тела. Ги најде и ги погреба. Но, властите дознаа за таа негова постапка и тој беше изведен пред суд. Го ставија на маки, а потоа го погубија. Така пострада овој пречесен аристократ по дух, во 303 година. Подоцна некој свештеник го зеде неговото тело и го погреба на една восочинка близу градот, каде што подоцна беше подигната црква во негово име.