„Реал“ подготвен да го продаде Бензема за 50 милиони евра

108

Актуелниот европски и шпански шампион „Реал Мадрид“ би го продал следното лето напаѓачот Карим Бензема, доколку некој клуб за него понуди 50 милиони евра.

Вп некои шпански медиуми се појавија информации за вклучување на Бензема како дел од пакетот што „Реал“ би го дал на ПСЖ за евентуалното доаѓање во Мадрид на Нејмар.

Оваа сезона во фудбалскиот шампионат на Шпанија, 30-годишниот Бензема постигна четири гола на 22 натпревари.