„Ривер Плате“ е новиот шампион на Јужна Америка

413

Фудбалерите на „Ривер Плате“ се новите победници на Копа Либертадорес.
Црвено белите по неверојатен меч по четврти пат во историјата го освоија престижниот трофеј наменет на фудбалскиот шампион на Јужна Америка.
Бока поведе преку Бенедент во првите 45 минути, во второто полувреме Ривер израмни преку Прат.

Победникот беше решен по двете продолженија. Кинтеро во 109 минута го најави големиот успех, кој беше потврден со голот на Мартинес во 120 минута за конечни Ривер Плата – Бока Јуниорс 3-1.

Двата најголеми клуба во Аргентина по прв пат во историјата играа во големото финале на Копа Либертадорес.
Инаку финалниот реванш за титулата во Јужна Америка требаше да се одигра на 24 ноември на Монументал во Буенос Аирес но поради инциденти на улиците на градот , фановите Ривер го каменуваа автобусот со фудбалерите на Бока, реваншот беше одложен. По големи убедувања ФИФА одлучи финалето да се игра во Мадрид, на стадионот на Реал, во присуство на навивачите на двата клуба.