РИМИЦ „ЈА ЗАПАЛИ“ ЖЕНЕВА: „Concept Two“ прогласен за ѕвер од автомобил

115

На веројатно највлијателниот меѓународен салон за автомобили, оној во Женева, главна ѕвезда на новинарскиот ден беше Мате Римац со својот хипер автомобил „Concept Two“ со сила од дури 1914 „коњи“.

Фирмата „Римац“ автомобили предизвика огромен интерес во јавноста, но и кај многубројни производители на автомобили што работат на електрични возила поради нивните компоненти што се произведуваат во Света Недела.

Интерес за прес-конференцијата на нашиот млад претприемач беше огромен. Имаше претставници од многубројни странски медиуми кои бараа детални податоци за „Concept Two“ и за самата фирма која стана позната вон границите на нашата држава.

Во свое обраќање до присутните Мате Римац истакна дека Concept Two е плод на заедничка работа на тим експерти во фирмата во која има 350 вработени и во која се застапени дури 21 националност.

Тој рече дека во многу краток период за само десетина години почнувајќи од мала работилница дошло до светски позната фирма за производство на електрични компоненти за возила, и најави дека ќе се произведат 150 примероци од Concept Two, но и дека за него е многу битно што во Женева бил присутен болем број од неговите бизнис партнери од цел свет.

Директорот на Дизајн и на дезајнерскиот проект Concept Two, Адријано Мудри истакна дека кај толку супер силен и брз автомобил треба да се задоволат неколку критериуми пред самиот дизајн.

Главна задача била возачот да биде во центарот на случувањето однсоно во средиште на автомобилот, автомобилот да не биде неудобен, а истовремено и со добри перформанси дури потоа на ред доаѓа изгледот.

Предизвик бил да се исполнат тие цели и притоа да се смести батерија од 120 kWh, да се намали коефициентот на отпор на 0,28 и во исто време да се овозможи ладење на електромоторот на предната и задната осовина со воздух што влегува и излегува низ отвори, а да не се намали силата на потисок.

Во секој случај тимот успеал да го задржи препознатливиот изглед на претходникот однсоно неговиот ДНК. Тоа е особено значајно кај новите производители на автомобили бидејќи кога создаваш бренд мораш да бидеш и да останеш препознатлив.

Дека се работи за ѕвер од автомобил најдобро зборуваат техничките податоци со кои не запозна Матија Грацин директор за развој на компоненти имено супер автомобилот има 1914 конски сили со максимален обртен момент од 2300 Nm.

Притоа располага со 700 Nm обртен момент на задната и 450 Nm на предната осовина и со тоа располага со погон на сите четири тркала. За забрзување на 0 -100 км/час му се потребни само 1,97 секунди и постигнува максимална брзина од 412 километри на час.

Батеријата е со капацитет од 120 kWh што му овозможува 650 километри без полнење.

Што се однесува до автономното возење тука фирмата Римац автомобили подигна на четврто ниво, но за самостојно возење ќе биде потребно уште одредено време бидејќи тоа се уште никој не го направил во светот.

Дека се работи за сериозна фирма зборува и фактот дека на тимот му се придружи и Саша Вражиќ како директор за развој на ADAC (автономно возење) кој долги работеше во Тојота во Франција, токму на таков развој.

Инаку цената на Concept Two е 1,7 милиони евра и тоа без данок. Во Хрватска би чинел веројатно уште 25 отсто повеќе. На изложбениот простор во Женева настапија 180 различни брендови и излагачи а се смета дека на новинарскиот ден имало околу десет илјади претставници на медиуми.