РИТА ВО ФУСТАН ОД 1962: На 86 години успеа да биде центар на внимание (ФОТО)

241

Актерката Рита Морено на 86 години успеа да го привлече сето внимние кон себе. Шармантната глумица на црвениот килим се појави во истиот фустан кој го носела пред 56 години кога добила „Оскар“ за Најдобра актерка во споредна улога за филмот „West Side Story“.

-Фустанот е историски исто толку колку што е историски овој настан, бидејќи ова е фустанот кој го носев во 1962 година кога го добив мојот „Оскар“. Кога започнав да размислувам што ќе носам, си помислив: „Ох Боже, се разбира. Морам да ја носам оваа тоалета кој ми седи во плакарот 56 години“ – смеејќи се изјави Морено.

Морено ја додели наградата за Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.