РУСИНОВО: Неексплодирана рачна бомба пронајдена во ѕид во стара куќа

46

Жител на Русиново при рушење на стара куќа, во еден од ѕидовите, нашол неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна.

Во Полициска станица Берово, Б.С.(62) од село Русиново вчера во 8:00 часот пријавил дека при рушење на стара куќа, во еден од ѕидовите, пронашол неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна.

Од стручно лице од Дирекција за заштита и спасување, пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка.