Русија не ги сака српските круши

60
Moskva

Руската служба за фитосанитарен надзор „Росељхознадзор“ од денеска забрани увоз на српски круши.

Забраната подразбира и увоз преку трети земји, се наведува на сајтот на „Росељхознадзор“.

Службата тврди дека на српската Национална организација за карантин и заштита на растенија повеќе пати и било пријавувано дека има загриженост поради проблеми со квалитетот на ова овошје од Србија.

Русија претходно имаше проблем и со јаболките од Србија. Во Орловската област во централна Русија, беа пронајдени 13 тони јаболка од Србија заразени со опасен штетник, соопшти фитосанитарната инспекција на Русија.

Русија неодамна го прекина и увозот на јаболки од Босна и Херцеговина поради сомнеж во реекспорт. Министерството за земјоделство на Република Српска смета дека пропустот кај извозот на јаболки од БиХ во Русија нанесе голема штета на домашните произведувачи.

Руската Федерација е трет трговски партнер на Србија, а пласманот на српските производи на рускиот пазар го карактеризира стартна ценовна конкурентна предност во однос на другите увозни производи, благодарение на единствениот преференцијален трговски договор и бесцарински извоз на пазар од преку 144 милиони жители.