Русковска не очекувала повисока казна за Кичеец

85

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска порача дека е задоволна од изречената казна за Зоран Милески-Кичеец, кој доби три години затвор за аферата „Рекет“.

„Сметам дека е добра изречената казна и ќе одлучам дали ќе вложам жалба за висината на казната. Јас не очекував повисока казна, затоа што голем е распонот на предвидената казна. Тој досега е неосудуван и призна вина“, истакна Русковска.