САД: Нови санкции против венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА

392

Вашингтон воведе санкции против венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА, запленувајќи ѝ имот вреден 7 милијарди долари, објави американскиот секретар за финансии, Стивен Мнучин, пренесува РТ.

Мунчин рече дека целта на овој потег е да се спречи понатамошното пренасочување на имотот од страна на ‘поранешниот претседател Мадуро’. Санкциите ќе бидат укинати по брзиот трансфер на контролата на привремениот претседател или последователно демократски избраната привремена влада, додаде тој.

„Знаеме која е легитимната влада на Венецуела, а нашата мисија е да го реализираме она што го сакаат граѓаните на Венецуела “, изјави советникот за национална безбедност, Џон Болтон.

Освен 7 милијарди долари средствата на ПДВСА во САД, санкциите ќе влијаат и на извозот вреден 11 милијарди долари во текот на следната година, рече Болтон.

САД купуваат значително количество венецуелска нафта, но Мнучин рече дека санкциите ќе имаат скромно влијание врз американските рафинерии. Тој додаде дека дел од нафтата што е платена е на море и на пат кон САД, но нема да има идни купувања сé додека не се смени режимот.

„Ситго“ ќе продолжи да работи во САД, но целиот профит од продажбата ќе мора да оди на блокирана сметка, која ќе биде достапна само за владата на Гуаидо, објасни секретарот за финансии, велејќи дека тоа се средства што ги штитат во полза на венецуелскиот народ.

Мадуро во понеделникот ги нарече американските санкции обид да ѝ го украдат „Ситго“ на Венецуела и објави дека ПДВСА ќе иницира правни мерки за заштита на компанијата. Тој исто така вети соодветен одговор на американските мерки во блиска иднина за “заштита на интересите на Венецуела”.