САМОБЕНДИСАНОСТ: Популарниот Италијанец Ваки си го истетовира сопствениот лик на грбот (ФОТО)

113

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки на грбот си го истетовира својот лик и на „Фејсбук“ се пофали со новата тетоважа.

Педесетгодишниот милионер инаку е многу активен на социјалните мрежи и воглавно се појавува во гаќички за капење или во многу кратки панталони.

Тој минатата година имаше финансиски проблеми, бидејќи банка поради долг од 10,5 милиони евра му ги заплени јахтите и недвижностите.

Ексцентричниот Ваки овој долг го нарече „мал и неважен“.

 


Неговото семејство е сопственик на фармацевтска компанија, а тој го наследи богатството. Ако се суди според фотографиите кои ги објавува Ваки е зависник од теретана и тетоважи.

 

Monday training, have a good week… #trumpit #gianlucavacchi

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi) on

Тој често настапува и како диџеј.