СВЕТОТ „НАВЛЕЧЕН“ НА ФИЛМОВИ ЗА ПАНДЕМИИ, А ЕДЕН ОД НИВ ПРИВЛЕЧЕ МНОГУ ВНИМАНИЕ

217

Уште кога бројот на случаи на заболени од ковид-19 беше релативно мал, актерката Гвинет Палтроу нè потсети на еден нејзин филм од 2011 година, во кој глумеше со Мет Дејмон и Џуд Лоу.

Филмот не привлече големо внимание во тоа време, но овие денови е еден од најпребаруваните, како на стрим-сервисите, така и на сајтовите за нелегално симнување.

Се работи за филмот „Зараза“ (Contagion), а Гвинет пред извесно време напиша „Ја преживеав таа зараза, ќе ја преживеам и оваа“, алудирајќи на сличностите во филмот и актуелната ситуација со коронавирусот.

Сличностите се дури и морничави, се работи за нов вирус кој доаѓа од Азија, се пренел преку животни, се пренесува со кашлање, кивање, допирање на лице, а започнал после контакт меѓу лилјак, па со други животни и се пренел на човек. Интересно е и тоа што луѓето со силен имунитет ќе ги занемаруваат оние со послаб и тоа всушност и се случува.

Откако повторно е актуелен филмот, сценаристот Скот Бернс изјавил дека веќе го обвиниле дека е илуминат, поради точноста со која ја предвидел оваа пандемија. Но, тој смета дека се работи за стандардна процедура при секоја можна пандемија и дека е сосема нормално што некоја болест се развива на тој начин.