СВЕТСКА СЛАВА: „Исцелител“ прогласен за Најдобар филм на фестивалот во Санта Барбара

197

Филмот „Исцелител“ е прогласен за Најдобар филм на меѓународната компетиција на фестивалот во Санта Барбара – Santa Barbara International Film Festival.

„Исцелител“ е филм на Ѓорче Ставрески, кој е истовремено и сценарист и продуцент на филмот, како и монтажер на звукот.

„Задоволство ми е да објавам дека Исцелител ја освои главната награда за најдобар филм во интернационалната компетиција на фестивалот Santa Barbara International Film Festival во Холивуд! Честито на актерите и екипата. Фала на сите кои не поддржувате“, напиша режисерот на „Фејсбук“.

 


Камерман е Дејан Димески, а монтажата е дело на Мартин Иванов. Главните улоги ги играат: Благој Веселинов и Анастас Тановски.

Исцелител е филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар. Најголем шарм на филмот се непретенциозноста и искреноста кои ги покриваат недостатоците и несигурноста во некои делови.