СВИРЕЖИ ЗА „РЕАЛ“: Зидан задоволен од пласманот

160

Фудбалерите на „Реал Мадрид“ со свирежи од публиката беа испратени во соблекувалната по завршувањето на синоќешниот дуел со второлигашот Нумансија (2:2).

Реал кој е актуелен европски и шпански шампион, обезбеди пласман во четвртфиналето на Кралскиот куп, благодарение на победата (3:0) на првиот дуел, а навивачите не можеа да се помират со фактот дека нивниот миленик не извојува победа над второлигаш и тоа на свој терен.

Сепак, тренерот Зинедин Зидан, по натпреварот изјави дека најважно е што Реал оди во следната фаза и е среќен поради тоа.

– Не победивме, ама одиме понатаму и среќен сум за тоа, исто така и играчите. Само треба да продолжиме да работиме. Потребни ни се две-три победи во серија за да ја вратиме самодовербата. Верувам во себе и во целиот стручен штаб, рече Зидан.

Следниот натпревар „Реал Мадрид“ го игра в сабота, повторно на домашен терен во Ла Лига против Виљареал.