СДСМ: Исправи се ВМРО-ДПМНЕ, поддржи ја македонската иднина!

222

ВМРО-ДПМНЕ да се исправи да ја поддржи македонската иднина и да каже ДА за решението коешто го зајакнува и обезбедува македонскиот идентитет еднаш – засекогаш, се вели во реакцијата на СДСМ.

Македонија нема уште генерации за губење. Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на решението на 25 годишниот спор, што со децениија влечеше земјава надолу, додаваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ треба да каже ДА за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор, нагласуваат во соопштението од СДСМ.

Оттаму додаваат дека како најголема опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже зрелост и одговороност и да каже ДА за решението кое што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата!

ДА, за иднината на сите граѓани, ДА, за македонската иднина!