СЕВЕРНА КОРЕЈА ВИДНО НАВРЕДЕНИ: Откажан перформансот посветен на Олипијадата во Јужна Кореја

124

Северна Кореја го откажа културниот перформанс закажан за 4 февруари на севернокорејската планина Кумганг по повод претстојните Зимски олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјеонгчанг.

Како причина за откажувањето на перформансот се наведува „пристрасното и навредливо претставување“ на Северна Кореја во Јужна Кореја.

Сепак, како што јави Би-Би-Си, севернокорејските власти нагласуваат дека „ќе се прдржуваат кон сите договорени ангажмани“.

Според јужнокорејското Министерство за обединување, властите во Пјонгјанг се лути поради медиумските тврдења дека постои можност да организраат воена парада на 8 февруари.