СЕДНИЦАТА ПРОДОЛЖУВА ДЕНЕСКА: Заев вчера ги образложи амандманите (ВИДЕО)

46

Да се издигнеме над делбите и да гледаме како се вее нашето знаме пред Брисел, порача премиерот Зоран Заев на продолжението на собраниска седница за уставните амандмани и ги повтори аргументите дека со уставните измени се гарантирани јазикот и идентитетот.

„Вашиот глас ‘за’ е за полноправно членство, а секој глас ‘против’ е за изолација, неизвесност. Светот гледа и очекува државничка одговорност на страна од партиската припадност. Имавме инклузивен процес во сите фази на уставните амандмани. Да се заблагодарам на СДСМ и коалицијата, ДУИ, ДПА, Беса и осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Заев и додаде дека тие се конструктивна опозиција за разлика од остатокот, а посебно му се заблагодари на Панчо Минов за придонес во предлозите вградени во амандманите, како и на Беса на Касами и „Алијансата за Албанците“.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и пратениците од Беса на Касами, не присуствуваа на продолжението на денешната собраниска седница.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претходно, на прес-конференција пред Собранието порача дека нема да дадат летимититет за промена на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест по што со неговите сопартијци се приклучи на протестот на „Македонија блокира“.

Седницата за уставните амандмани продолжува денска.