Секој ден по еден сомнителен пакет во британскиот Парламент

140
Britanija_policija

Секојдневно пристигнуваат сомнителни пакети во британскиот Парламент. Британската полиција соопшти дека интервенирала по пријава дека пакет со сомнителна содржина бил доставен до Парламентот. 

Во соопштението се наведува дека биле повикани припадници на специјалните единици кои ќе ја истражат содржината на пакетот.

И вчера британската полиција беше повикана поради пакет со сомнителна супстанца, а две лица превентивно беа испратени во болница. Подоцна полицијата соопшти дека супстанцата не била опасна.